Македонска берза организира тркалезна маса на тема: „Берзите во 2020 година - Осврт на локалниот и глобалните пазари“.
Настанот ќе се одржи на 17.12.2020 (четврток), во 10:00 часот преку платформата Zoom со следнава агенда:
Воведно обраќање:
- 10:00-10:10 д-р Фатмир Бесими, Министер за финансии на РСМ
Доделување награди:
- 10:10-10:20 Најтранспарентно котирано друштво и најуспешна брокерска куќа за 2019 година
Работен дел
- 10:20-11:50 Дебата
Учесници на дебатата се:
Емилија Брљамова, Раководител на Службата за услуги со хартии од вредност, НЛБ Банка Скопје
Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Matko Maravic, CEO at InterCapital Securities Ltd, Croatia
Luka Flere, Head of Asset Management, Generali Investments LLC, Slovenia
Петар Андреевски, Главен извршен директор, ВФП АД Скопје
Модератор: Иван Штериев , Главен извршен директор, Македонска берза
- 11:50-12:00 Q&A сесија
Настанот е од отворен карактер. Доколку сте заинтересирани да присуствувате на овој настан, Ве молиме да го потврдите истото најдоцна до 16.12.2020 (среда)
Регистрацијата може да ја направите на следниот линк.